Натпреварувачите на Хва ранг ИТФ освоија пет медали од кои 1 златен 1 сребрен и 3 борнзени медали, а Давид Крстески не дозволи изненадеување во својата категорија газејќи се пред себе за стигне до златниот медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен 2016“.
Освојувачи на медали се: Давид Крсетски – златен, Јане Димов – сребрен, Александар Јовановски, Јана Спасеска и Ангела Јовчевска – бронзени.
Давид Крстески (10 години) во конкуренција на 16 натпреварувачи од Бугарија и Грција доминираше и со атрактивни победи се искачи највисоко на пиедисталот.
„А најголемо признание за неговиот успех се личните честитки од претседателот на Европската ИТФ гранд мастер Мајкл Пруит и генреланиот секретар сениор мастер Гери Милер, кои рекоа дека во него гледаат иден светски шампион“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.
Јане Димов (-75 кг) во спаринг-борби, јуниори 14-15 години, во финалето се бореше нерешено со црн појас од Србија , а Јане е носител на почетнички појас. Загуби со еден поен во продолжението.
Александар Јовановски (-71 кг) во спаринг-борби, сениори, која се смета за една од најтешките категории, иако само еден месец е сениор, покажа дека може да се носи и со повозрасни и успеа да земе медал, со што ветува дека и во сениорска конкуренција ќе има успесеи.
Јана Спасеска (-60 кг) настапи во спаринг-борби девојки до 14 години и Ангела Јовческа (-51 кг) спаринг-борби, сениорки .
Од клубот велат успехот можел да биде и поголем, но ставиле акцент на екипните подоготовки. Била пријавени екипи за кадети и сениори, при што двајца кадети Божидар Димитриевиќ, освојувач на златен медал на овој турнир и Василија Јовчески не отпатуваа поради тоа што не извадија полномошно. Останатите кадети се натпреваруваа во екипа со еден клуб од Бугарија, при што Антонио Јанески и Хриситјан Митрески ги добија борбите за нивната екипа..
На „Бугарија опен 2016“, кој се смета за најпрестижен турнир на овие простори, учествуваа над 600 натпреварувачи од 11 земји, а ТКД Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид настапи со 16 натпреварувачи, покрај тоа имаше претставници од Бугарија, Србија, Босна ,Грција, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Романија,Велс и Чешка.
Сите репрезентации настапија во најсилните состави, а на отворањето на турнирот беа првите ИТФ, потпретседателот мастер Марио Богданов, генералниот секретар на ИТФ, Ким Хјонг Рак, претседателот за организирање на турнири во ИТФ проф, сениор гранд Мастер Ким Унг Чол кој е еден и од најдобрите мајстори во светот и претседателот на Европската ИТФ, гранд мастер Мајкл Пруит, генреланиот секретар сениор мастер Гери Милер.
Ipon.mk/В.Д.