Давид Ѓоргоќески најдобар странски боксер на Ревијата во Лесковац, победи на Ивановски и Огненовски

Давид Ѓоргоќески го совлада Саша Васиќ 3-0 во финалето на Меѓународната боксерска ревија во Лесковац, Србија, по што боксерот на Универзалци беше прогласен за најдобар странски боксер.

Димитар Огненоски го победи Немања Митровиќ во втората рунда, откако неговиот тренир ја фрли крпата во рингот.

Филип Иваноски е поразен од Андреј Ристиќ Андреј 1-2, и, како што велат од таборот на Универзлаци, бил на чекор до победата

На Ревијата настапуваат клубови од Црна Гора, Бугарија, Србија и Македонија.

Резултати:

-63 кг – кадети
Филип Иваноски – Андреј Ристиќ (Србија) 1-2

-75 кг јуниори
Давид Ѓоргокески – Саша Васиќ (Србија) 3-0

80 кг сениори
Димитар Огненоски – Немања Митровиќ (Србија) 3-0, прекин Р2

Да потсетиме дека Давид Ѓоргокески е државен првак на Македонија, а Филип Ивановски е вицеправак.

Во Лесковац настапија и боксерите на БК „Алексо Огненовски“ од Охрид.

-54 кг кадети
Димитар Ѓоревски – Енис Ѓорѓевиќ (Србија) 0-3

-60 кг јуниори
Енис Алиу – Алекса Оровиќ (Србија) 0-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON