Дастин Пориер: Мек Грегор е со слаба психа

Дастин Пориер верува дека Конор Мек Грегор бил психички слаб во нивната трилогија.

Тие се бореа на почетокот на овој месец во Лас Вегас. На нивната средба видовме дека Пориер успеа да го повреди Мек Грегор во стоечка позиција, а изненадувачки Конор примени гилотина на својот противник.

Средбата се пресели на партер, каде што продолжи доминацијата на Дастин. На крајот од рундата, тие се вратија во стој позиција, а Мек Грегор ја скрши ногата. Така, по првата рунда, лекарите ја прекинаа борбата и Пориер беше прогласен за победник со технички нокаут.

Конор веднаш започна да зборува за 4-та битка и не пропушти да ги навреди Пориер и неговата сопруга. Конор употреби жесток „валкан говор“ пред и по борбата и тоа му донесе многу критики.

На крајот, Дастин ја освои трилогијата и сега ќе се бори за титулата во лесна категорија. Во интервју за американските медиуми, Дијамантот го кажа своето мислење за последната борба со големата ѕвезда на УФЦ.

„Уште на самиот почеток почувствував дека психички е слаб. За него ова се изговори и не сакам да гледам што се зборува, бидејќи веќе сум со семејството. Ова е победа во мојата статистика. Знам дека го направив тоа што требаше да го сторам во борбата, пред битката и на мојот тренинг камп.

Дадов се од себе и влегов во кафезот. Сето тоа беше врева од него. Здрав сум, безбеден сум, се вратив дома, имам уште една победа во мојот скор и сè уште сум предизвикувач број 1, па ова се факти. Мек Грегор се правдаше по нашата втора битка. Се подготвуваше да боксира.

Конор не беше фокусиран на ММА. Се подготвуваше да се бори со Мани Пакијао. Знаете, многу причини многу изговори. Не знаев дека ја скрши ногата затоа што се удиравме. Падна и јас постојано го удирав. Не знаев дека му е скршена ногата и дознав на крајот од рундата.

Одев до мојот агол, потоа се свртев и видов дека ја држи ногата која виси. Не знаев кога ја скршил ногата. Ги видов луѓето од мојот агол и им реков дека е готово затоа што Мек Грегор имаше скршеница на ногата.

Не можам да кажам дали имал повреда или не. Можеби чувал еден куп фотографии во неговиот телефон со завој завиткан околу глуждот. Ова можеби беше како план Б“, рече Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО