Српскиот ММА борец Дарко Стошиќ помина две и пол години во УФЦ, а потоа се врати во Европа и кариерата ја продолжи во полската промоција КСВ.
Стошиќ зад себе има 25 борби, 19 победи од кои 13 се со нокаут.
Во текот на кариерата немаше прекар кој е вообичаен во боречките вештини, но со објава на Инстаграм откри дека покрај името и презимето ќе напише и – „Чекан (The Hammer)“.
„Во текот на мојата кариера не се залагав за прекар, чекав да ми дојде! И мислам дека дојде, и дефинитивно е ЧЕКАН. Се гледаме во новото поглавје! Време е #чекан“, напиша Дарко Стошиќ на крајот од објавата.
View this post on Instagram