Претседателот на ПФЛ тврди: Нгану и Вајлдер следната година би можеле да се борат во октагонот со посебни правила

Поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану, на почетокот на годината ја напушти најголемата светска ММА организација и потпиша за ПФЛ.

И додека го чека првиот настап за нова промоција во боречките вештини, камерунскиот удираач си ја исполни долгогодишната желба и договори боксерски меч.

На крајот на октомври, Нгану боксираше и добро го намачи Тајсон Фјури. Иако на крајот загуби, Френсис остави многу добар впечаток во рингот.

По одличниот настап против шампионот на ВБЦ, кого го собори дури во третата рунда, многумина се прашуваа дали Камерунецот ќе продолжи да боксира или ќе се врати на слободните борби.

Првиот човек на ПФЛ, Дон Дејвис, по повод преземањето на Белатор, откри дека Нгану следната година ќе се бори во октагонот, а негов веројатен противник би можел да биде Дионтеј Вајлдер.

Поранешниот шампион и моментално еден од најмоќните удирачи во светот треба да се бори под посебни, како што рече, измешани правила.

Но, останува да се види дали оваа борба навистина ќе биде договорена. Факт е дека еден ваков меч би привлекол голем интерес кај љубителите на боречките вештини.

Денеска стигна веста дека ММА организацијата ПФЛ го купи Белатор. Со овој деловен потег ПФЛ станува уште поголем конкурент на УФЦ.

„Во првите пет години нашата мисија беше да станеме компанија број два во ММА спортот и тоа го постигнавме, а сега си поставивме нова цел – да станеме вистински конкурент“, рече претседателот на ПФЛ, Дон Дејвис и додаде:

„Ова целосно ја менува сликата за ММА. Вие всушност ставате две компании број два за да создадете конкуренција. Комбинираните списоци на ПФЛ и Белатор сега имаат 30 проценти од нивните борци рангирани во првите 25 во светот според Фајт матрикс. Тоа е на исто ниво со она што го има УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО