Дарко Стошиќ по поразот за шампионскиот појас: Ќе се изборам за нова шанса, уште не е готово

Дарко Стошиќ по три меча во КСВ и три победи доби можност да се бори за титулата шампион во тешка категорија во најсилната европска ММА организација.

Но, српскиот борец минатиот викенд загуби на КСВ 67 во Варшава од шампионот Фил Де Фрис.

Англичанецот влезе во мечот 15 килограми потежок и одлично го искористи тоа на мечот против Стошиќ.

Фил го исцрпи Дарко со борење и клинч, кој остана без енергија кон крајот на борбата и го предаде мечот.

Српскиот борец истакнува дека нормално не го прави тоа, но го фатила паника и почнал тешко да дише. Де Фрис му беше на грбот и го удираше, а тој немаше излез.

Англичанецот го пофали Стошиќ и го нарече најцврстиот борец што некогаш го сретнал во октагонот.

„Што се однесува до борбата, жал ми е што беше пропуштена ваква прилика до која беше тешко да се дојде. Ама добро, ќе се борам за уште една шанса, уште не е готово. Натпреварот од пет рунди беше големо искуство. Фил го направи тоа што го прави најдобро, а јас ја прифатив неговата борба и затоа ја загубив средбата“, напиша Дарко Стошиќ во објава на Инстаграм, додавајќи:

„Бев далеку од моето најдобро издание, но во овој момент го дадов максимумот и оставив се што имав во октагонот. Благодарност до сите што беа во Арената и навиваа. Благодарност и до сите што не беа, а дадоа поддршка од целиот Балкан! Му честитам на Фил за победата и се надевам дека повторно ќе го делиме кафезот. Бог гради дури и кога уништува“.

Српскиот борец се надева дека ќе добие уште една шанса да се бори за појасот на КСВ, шампион во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО