Поранешниот УФЦ-борец Дарко Стошиќ официјално стана нов член на КСВ. Најсилната европска ММА организација го претстави српскиот борец како еден од најдобрите што ќе ја засили нивната тешка и полутешка категорија.
Дарко минатата година го напушти УФЦ по четири борби и три порази по ред. Сега доби уште една шанса.
29-годишникот од Белград треба да ја има првата борба на настанот КСВ 59, што треба да се одржи на 20 март.
Настанот ќе биде предводен од Мариуш Пуџијановски и Сержин Усман Дија, додека во борбата за титулата, додека шампионскиот појас во бантам категорија ќе го брани Антун Рачиќ против Себастијан Пржибиш.