Дарко Стошиќ е многу, многу опасен противник. Ќе се бориме, тоа е она што луѓето сакаат да го видат

Борбата, односно реваншот меѓу шампионот на КСВ во тешка категорија, Фил Де Фрис, и првиот предизвикувач во „тешка категорија“ на полската промоција, Дарко Стошиќ, треба да се одржи во блиска иднина. „Хамер“ претходно во неколку наврати го истакна тоа, а сега за тоа проговори и британскиот тешкаш, кој е во серија од 13 победи, меѓу кои и 10 одбрани на титулата во КСВ.

„Имам уште две борби оваа година. Имам мала пауза поради инфекцијата што ја добив, ќе одморам неколку недели, а за околу три месеци би можел повторно да се борам. Мислам дека повторно ќе биде Дарко Стошиќ, тоа е што сакаат да го видат луѓето, никогаш не знаеш кого ќе ми дадат, тоа е моја претпоставка, но со оглед на социјалните мрежи, неговата победничка серија и другите потенцијални противници, мислам дека е 90% сигурно дека нашиот меч ќе се случи“, рече Де Фрис за Токспорт, потоа додаде:

„Стошиќ е многу, многу опасен противник. Не можете да дозволите тој навистина да ве удри. Ќе биде опасна борба, но јас сум секогаш мотивиран, сакам да продолжам да победувам и да останам на врвот“.

Во продолжение на разговорот 38-годишниот Британец се осврна на тоа дека со оглед на годините и долговечноста му преостануваат уште неколку големи натпревари и во овој контекст истакна дека сака да се бори со Френсис Нгану. во иднина.

„Сè уште сакам да се борам со Нгану, мислам дека сум најдобриот противник за него. Ќе се борам со Дарко, а потоа ќе се борам со Нгану. Како што реков, мислам дека јас сум тој што може да го победи. Јас сум во најдобра позиција за да го освојам бројот еден во светот и тоа е она што е потребно за да се победи Нгану“, заклучи шампионот на КСВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON