Дарко Стошиќ (13-2, 1-1 УФЦ) го дозна името за третата борба во најсилната ММА промоција во светот.
27-годишниот српски полутешкаш на 3 август нанастанот Ковингтон-Лоулер во Њуварк ќе се бори против Кенеди Нечукву (6-1, 0-1 УФЦ).
27-годишниот „Африкански дивјак“ во дебито за УФЦ беше поразен со триаголник во третата рунда од Пол Крег. Тоа му е единствениот пораз во кариерата.
Договорот го заработи преку серијалот на конкурентите на Дана Вајт.
Американецот со нигериско потекло 4 победи оствари со нокаут, а 2 со судика одлука.
Стошиќ во дебито за УФЦ во јули минатата година го ноаутира во првата рунда Џереми Кимбала, а потоа на почетокот на месецот изгуби со едногласна одлука на Девин Кларк.