Дарко Чатлески: Македонија е дел од големата ВБЦ, може да добиеме борби за титули! (ФОТО)

На 3 јуни во Брисел се одржа Генералното собрание на Европската боксерска унија (ЕБУ“ за професионален бокс на кое учествуваше и делегација на Македонија од Про бокс Македонија (ПБМ).

На Генералното собрание на ЕБУ во Брисел Македонија ја претставуваше секретарот на Про бокс Македонија, Дарко Чатлески. Со Собранието претседаваше претседателот на ЕБУ, Боб Логист.

„Морам да нагласам дека членките асоциации од ЕБУ се членки и на Светската асоцијација WBC/ВБЦ. Големо изненадување на овоа Собрание беше присуството на претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурицио Сулејмен. Од страна на председателот на ВБЦ, лично ми беше доделена значката од ВБЦ и за прв пат во историјата на Македонија бев официјален делегат на ВБЦ од Македонија“, изјави Чатлески за Ipon.mk.

Тој истакнува дека на агендата на ова Ссобрание имало 12 точки на дневен ред. Најважни точки биле заштитата и здравјето на про боксерите, задолжителните прегледи на боксерите по правилата на ЕБУ и ВБЦ. Потоа воведувањето на новите правила на локалните асоцијации за професионалните боксерските мечеви.

„Со голем влог и труд постигнавме голем успех. Се надеваме дека за брзо време ќе успееме некој македонски професионален боксер да се бори за нокоја од европските или светските титули“, категоричен е Чатлески. 

Про бокс Македонија беше привремен член на ЕБУ од 2010 година, а по направените контроли од страна на ЕБУ во организационите про бокс мечеви на ПБМ во 2012 година во нашата земја во присуство на претседателот на оваа организација, Боб Логист, на Генералното собрание во 2013 година во Виена Про бокс Македонија со едногласна одлука е примена во полноправно членство на ЕБУ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО