Американско-иранскиот борец Бенеил Дариуш, претендент за титулата на УФЦ во лесна категорија, му дал совет на Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски за неговата борба со шампионот Ислам Махачев, која ќе се одржи на 12 февруари на УФЦ 284 во Австралија.
„Мислам дека ударната техника на Алекс е добра за оваа борба, но Ислам многу ќе го користи клинчот. Тој ќе се обиде да го натовари и да го истроши бидејќи ја видовме способноста на Алекс да издржи пет рунди речиси неуморен. Неверојатно.
Ако Алекс сака добро да се подготви за оваа борба, тогаш би го советувал да го вежба тајландскиот клинч, да ја држи главата исправена и да работи на нозе. Многу луѓе мислат дека тука е потребна силата на рацете, но работата на главата е исто така важна“, рече Дариуш зад ММА Њуз.