Поранешниот предизвикувач за титулата во УФЦ, Дарен Тил, бил уапсен во јули во шведскиот главен град Стокхолм под сомнение дека возел под дејство на алкохол. Веста ја пренесе шведското издание Expressen.
Според извештајот, Тил бил уапсен на 31 јули додека се движел со голема брзина во Стокхолм. Британецот првично негираше дека пиел, но алкотестот покажал дека нивото на алкохол во неговиот организам е три пати поголемо од нормалното и затоа бил приведен. Подоцна ја прифати паричната казна од локалните власти.
29-годишниот борец изминатава година редовно го посетува Стокхолм, каде тренира со својот пријател, кој во моментов е и еден од најжешките борци во УФЦ, Хамзат Чимаев. Тел се подготвуваше да се бори на последната гала вечер на УФЦ во Лондон во август, но на кратко ја одложи борбата поради повреда. Британецот има четири порази во последните пет борби. Во последните две средби беше поразен од Роберт Витакер и Дерек Брансон.