Данов и Богданов спарингуваат со Езгон о Едил Шаља од Косово!

danov i gostite od prizren

Борачите на Балканец интензивно се подготвуваат за Изборното првенство, што на 15 фавруари ќе се одржи во Скопје, во организација на Лирија.

Викендов борачите на Балканец тренираа  со двајца борачи од Косово. Тоа се браќата Езгон и Едил Шаља. Борачите од Призрен спарингуваа  на штипските борачи Дејан Богданов и Бобан Данов, кои годинава  ќе се натпреваруваат во категориите до 96 и 120 килограми.

Раководтсвото на Балканец смета дека  нивните натпреварувачи се добро подготвени за новата сезона.  Со тренинзите раководеше украинскиот тренер Николај  Корнеев, а ги следеа поранешениот боречки ас на штипското и  македонското борење, Трајче Димков и  Сулејман Шаља, тренерот  на познатите  косовски борачи.

Balkanec-Prizren

Соработката меѓу борачите на Балканец и од Косово  не е од денес, туку  таа се одвива  подолго време. Неодамна , во Косово, на подготовки беше Бобан Данов.

Покрај  Бобан Данов и  Дејан Богданов, уште се подготвуваат Дејан Митров, Иван Анакиев, Давор Тасев и други.

            ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON