Данов го победи Индиецот, со Полјакот казнениот поен го спречи на патот кон медалот (ФОТО)

Откако вчера извојува ефектна победа со туш против Израел на Светското првенство – Казак кураси (Претседателски куп) Бобан Данов (+100 кг) денска во Астана, Казахстан, славеше и над ривалот од Индија, но потоа со казнен поен загуби од Полјак.

За жал, и тој подоцна загуби од Монголец, така што Данов не доби шанса во репасажот во категоријата која имаше 28 натпреварувачи. Да не добиеше казнен поен со Полјакот, потоа ќе му требаа уште две победи за финале.

Сепак, Данов дебитира едно вакво Светско првенство и се претстави во добро издание, што е добар вовед за Светското првенство во самбо идниот месец во Сочи, Русија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО