Даниел Филипов тушираше 30 кг потежок противник, заврашувајќи ја сезоната без пораз

Daniel Filipov tusira 28.11.2015

Поранешниот борач на Спартак од Кочани, Даниел Филипов- Смок во саботата ја имаше последната борба во оваа сезона за АСВ Боден во германската Фербандс лига, во која имаше 8 борби и толку победи, седум од нив завршија со туш.

Daniel Filipov isfrla 28.11.2015
„Во сабота се борев во категоријата до 130 килограми, јас имав 91 кг, а мојот противник Астин Михаел Вонч имаше 120 кг, кој доаѓа од САД и настапува за АЦ Обајштајн. Не ми претставуваше никаков проблем тоа што беше 30 кг потежок, го пбедив со туш во втората рунда. Сезоната ја заврашив без пораз, имав 8 борби, седум ги одбив со туш и една на поени, а за клубот освоив 31 поен, така што на листата на Фербандс лигата сум трети по успешност“, истакна Филипов.

Daniel Filipov pobednik 28.11.2015

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON