АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Данил Николиски отпатува за Тајланд на Светското првенство во џиу џицу

Данил Николиски со тренерот Хрисијан Јованов отпатува за Банког, Тајланд, каде што се одржува Светското првенство во џиу џицу.
Николиски ќе настапи во У-21 во категоријата до 56 килограми. Неговиот меч е на 13 ноември.
Данил годинава имаше квалитетни настапи, затоа може да очекуваме да не претстави на високо ниво и да не израдува со медал.

На СП за У-16, У-18 и У-21 ќе настапат 1399 натпреварувачи со 1865 натпреварувачки влезови од 52 држави.
Ќе потсетиме дека сениорката Катерина Ацевска освои бронза, што е прв медал за Македонија во оваа сениорска конкуренција. Ацевска се борепе во категоријата над 70 килограми.



