Данил Николиски е петти на Европското џиу џицу првенство

На Европското циу џицу првенство за У-16, У-18 и У-21 во Крит, Грција, Данил Николиски (-55 кг) се бореше за бронзен медал во борби за У-18,но загуби од Гркот Карвелис Анастасиос 0-14.

Николиски го освои 5-тото место.

Од нашите репрезентативци досега настапи и Станисалв Грпов кој загуби од Иво Филус од Полска.

На ЕП настапуваат 609 учесници со 642 натпреварувачки влезови од 25 држави, а Македонија настапува со пет натпреварувачи.

Резултати – Европско првенство:

У-16 борби -46 кг
Зоран Колевски – Михаил Заимакис (Грција) ¼ финале
У-16 борби -66 кг
Јаким Колевски – Вестергард Соренсен (Данска) ¼ финале

У-18 борби -55 кг
Данил Николиски – Јмен Стробе (Белгија) 14-0
Данил Николиски – Николас Клецас (Грција) 0-14
Репасаж за бронза
Данил Николиски – Карвелис Анастасиос (Грција) 0-14

У-18 борби -60 кг
Станислав Грпов – Иво Филус (Послка) 0-14

У-21 борби +70 кг
Катерина Ацевска – Ели Сиркис(Израел) ¼ финале
Катерина Ацевска – Анџела Вукчевиќ (Црна Гора) ½ полуфинале?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО