АктуелноМеѓународна сценаММА
Даниела Алексовска европска шампионка во ММА! (ВИДЕО)

Кратко траеше борбата меѓу Алексовска и Хордовска, нашата Даниела уште во првата рунда победи благодарение на еден маестрален зафат, триаголник со нозе. Судијата мораше да го прекине мечот и да додели победа за Македонката.

Алексовска со многу емоции го прослави златниот медал, и течеа солзи за време на интонирањето на македонската химна.
На ова Европско првенство претходно со злато се закити и Марко Трајановски.
View this post on Instagram



