АктуелноДомашна сценаКик бокс
Даниел Стфеновски утре ќе ги одмери силите со Конрад Делекта на Гладијаторс најт 11

Даниел Стефановски утре ќе има пресметка со Конрад Делекта од Полска на Гладијаторс најт 11 во Цирих, Швајцарија.
Во последниот настап на 14 јуни Македонскиот воин и извојува победа со нокаут во втората рунда на Стевано Којо Туекпе од Гана во К-1 на настанот Фајт ор фол Гладијаторс најтс 10.

Стефановски очекува нов настап во Глори, најпрестижната светска кик бокс организација, но сега во својата категорија.
На Гладијаторс најт 11 дебитански настап во К-1 ќе има Лука Петкоски, како и Александар Кицев кој ќе ги одмери силите со Дион Адемај.



