Македонскиот воин Даниел Стефановски (-80 кг) загуби на поени од Јанг Жу од Кина Кунлун фајт 76 пред 30-илјадната публика.
„Ја изгубив борбата на поени. На 10 дене пред мечот имав тежок грип и бактерија во крвта. Тоа ми зема многу од силата. Но, тоа е тоа, изгубив и гледаме напред за другиот меч. Во Кина ќе имам друга прилика, како што стојат работите на крајот на ноември, повторно на Кунлун Фајт“, изјави за Ipon.mk, Даниел Стефановски.