Даниел Стефановски под македонско знаме на „Енди Хуг“ на светската промоција К-1

Даниел Стефановски кој е во одлична серија од пет последователни победи во реномираната кик бокс промоција Суперкомбат на 10 јуни во Цуг, Швајцарија, ќе настапи на Меморијалниот турнир Енди Хуг во организација на јапонската промоција К-1.

Тој ќе учествува на турнирот на четиримината млади борци во категоријата до 81 килограм. Можеби ова е неговиот најголем испит до сега. На плакатот јасно е нагласено дека Стефановски настапува под знамето на Македонија.

Знаејќи го Даниел и неговиот оптимизам дека секогаш оди на нокаут, веруваме дека и сега ќе се потруди да ја израдува македонската, швајцарската и европската јавност. А Енди Хуг е инспирација за секој кикбоксер.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО