Стефановски: Ќе гледам да го нокаутирам Филип во првата рунда и тоа да му биде последна борба!

Вчера објавивме дека Даниел Стефановски ќе ја брани светската титула во К-1 на Суперкомбат против Алекс Филип. Како што не извести светскиот првак реванш средбата ќе се одржи во Констанца – Романија, на 21 август.

Стефановски борбата ја најави на Фејсбук: „Се вративме. СуперКомбат титула налинија против Алекс Филип. Овој пат ќе добие нокаут во првата рунда! Бидете таму ќе биде жестоко“!

Во ексклузиваната изјава за Ипон.мк Македонскиот воин вели:

„На 21 август ќе ја бранам светската титула на Суперкомбат во Констанца“.

За најавата дека нема да чека до третата рунда и ќе го реши во првата Стефановски е категоричен:

„Тоа ќе биде последниот меч на Аалекс Филип. Јас ќе сум 100 отсто подготвен и ќе гледам да го завршам во првата рунда“!

Стефановски (-81 кг) на 12 март 2017 година го победи Романецот Филип со нокаут во третата рунда. На почетокот на рундата Стефановски со двојно летечко колено и неколу аперкати го нокаутира Алекс Филип на Суперкомбат Ворлд гранд при елиминациите во Букурешт, Романија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON