Конор Мек Грегор пуши трева на одморот во Франција (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во УФЦ во лесна и во перо категорија, Конор Мек Грегор, ужива во пензионирањето. „Озлогласениот“ се пече на плажите на Франција и пуши марихуана.

32-годишниот Ирец објави дека се повлекува од ММА на почетокот на минатиот месец. Тој беше лут на УФЦ што не му ги даваше борбите што ги сака. Конор направи камбек оваа година и напредуваше во рангирањето на лесна категорија.

На 18 јануари во Вегас, големата ѕвезда на УФЦ го совлада Доналд Цероне за 40 секунди и заработи бонус за изведба на вечерта. Мек Грегор реши да направи неколку борби во 2020 година, но УФЦ му откажа борба со Џастин Гејџи, а тоа не му се допадна. Сепак, Вајт е оптимист дека Мек Грегор ќе се врати во 2021 година. Не се знае што носи иднината, но Мек Грегор дефинитивно го живее својот живот и ужива во одморот.

https://www.youtube.com/watch?v=7t_5W44dVa8&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО