„Подготвени да го шокираат светот“, напиша Македонскиот воин – Даниел Стефановски пред дебито во најголемата и најпрестижна кик бокс организација во светот Глори.
Стефановски првата борба за Глори ќе ја има на 7 декември на Глори: Колишн 7 против Раџапзадех во Арнем.
Тој неодамна поптпиша договор на две години, при што треба да има седум борби. Ќе се бори на 95 килограми, а другите шест борби на 85 кг.