Даниел Кормиер сака да заработи што е можно повеќе пари, бидејќи следниот март го напушта ММА. Тоа е причината што ДК го предизвика Брок Леснар, кој веднаш влезе во октагонот, а и двајцата се загреваа за нивните идни битки следната година.
На Кормиер не му пречи да има реванш меч со поранешниот шампион Стипе Миочиќ, но тој преферира пари и ќе има ри-меч само ако Брок Леснар не може да се бори.
„Се разбира, Миочиќ заслужува реванш. Сепак, направил три одбрани на титулата, а не 11 како Мајти Маус. Има голема разлика во тоа. Мислам, ако Стипе победеше, и тој ќе сакаше да се бори против Леснар.
Ќе ви кажам и тоа го велам во живо, ако Брок Леснар не успее да се бори поради некоја причина, тогаш ќе му дадам реванш на Стипе Миочиќ. Немам проблем повторно да се борам со него.
Нема никави причини да ја избегнувам битката со Миочиќ. Избрав да се борам против Брок, бидејќи тоа е Брок Леснар. Повторно ви велам, ако Брок не се појави, тогаш ќе му дадам реванш на Миочиќ“, рече Кормиер.