Федор Емилијаненко нема да го следи УФЦ во Москва

Поранешниот шампион во тешка категорија на Прајд и актуелен борец на Белатор, Федор Емилијаненко, изјави дека нема да присуствува на дебито на УФЦ во Москва, бидејќи не е фан на организацијата.

Со години УФЦ се обидуваше да влезе на пазарот во Русија, но дури сега доби зелено светло. Настанот ќе се одржи на 15 септември, а Алексеј Олејник и Марк Хант ќе се борат во главната борба на настанот.

Федор, кој се смета меѓу навивачите за најголемиот борец во тешка категорија, нема интерес и не се возбудува заради она што се случува во УФЦ.

„Русија има свои организации, но доста луѓе оттаму го чекаат дебито на УФЦ, како и на Белатор. Лично, не сум фан на УФЦ и не планирам да одам на настанот“, рече легендарниот борец.

Во изминативе години Федор неколку пати водеше преговори со УФЦ, но секогаш ставаше потпис со друга организација, како Афликејшн, Страјкфорс и Белатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО