Алварез: Сакав да му покажам на Ковалев дека сум јак, дека имам добра брада и дека сум подготвен за големи работи

Елејдер Алварез (24-0, 12 КО) долго време како задолжителен предизвикувач чекаше да се бори со шампионот на ВБЦ, Адонис Стивенсон.

Стивенсон, како и Алварез, живее во Канада, а колку беше мудро што Хаитецот одлучи да го избегне Колумбиецот сведочи и победата на Алварез против Сергеј Ковалев.

34-годишниот Алварез во Атлантик Сити три пати го соборуваше Русинот во седмата рунда на патот до освојувањето на ВБО титулата светски шампион во полутешка категорија.

„Не можам да опишам како се чувствувам“, рече по борбата.

„Сакав да му покажам на Ковалев дека сум јак, дека имам добра брада и дека сум подготвен за големи работи. Го вежбавме ударот со кој го завршив во текот на тренинг-кампот и така и се случи… Секогаш на тренинг го вежбам тој удар“.

Ковалев предност во бодови во моментот на прекинот. Алварез вели дека почувствувал дека Крушер паднал во вториот дел од борбата.

„Малку го успоривме. Осетив дека неговите удари не беа толку силни како на почетокот, а потоа следеше нокаутот од два удари. Она што го вежбаме“.

На прашањето дали го интересира борба со ВБА шампионот Дмитриј Бивол кој победи во воведниот дел на настанот, рече: „Подготвен сум за најдобрите во светот, Го чекав ова пет години. Подготвен сум за когобило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО