Даниел Илијев се стекна со втора олимписка категорија за судење во борењето

Најдобриот македонски судија во моментов во борење, Даниел Илијев, денеска со онлајн полагање се стекна со 2-ра олимписка категорија со која има право да суди на светско и европско првенство.

Илијев, кој е претседател на Судискиот совет на ФБСМ, за два месеца во Русија ќе полага за прва олимписка категорија со  која ќе има право да суди и на Олимпијада.

Во моментов Даниел е со најголема категорија меѓу македонските судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО