Триумфален почеток на боречката сезона на поранешниот борач на Спартак од Кочани, Даниел Филипов (-98 кг) во германската Оберслига. Филипов ја отвори новата сезона совладувајќи го со туш противникот по потекло од Азербејџан, Јадолах Ганизадех.
Од годинава Даниел настапува за АЦ Обарштај од Кобленц кад ешто летово направи трансфер, а во претходната сезона беше член на АСВ Боден.
„И оваа сезона ја започнав како минатата – со туш. Се надевам дека така и ќе ја завршам“, порача Филипов, кој минатата сезона не знаеше пораз и во борење и во џудо, а повеќето борби ги решаваше со туш.
Ipon.mk/В.Д.