Даниел Филипов: Моите амбиции се поголеми од настапот во германските лиги (ФОТО)

Daniel Filipov

Даниел Филипов – Смок минатата сезона остави одличен впечаток во германската Оберслига како борач на АСВ Боден, забележувајќи скор од 15 победи од 15 борби во најтешките категории до 96 килограми и 120, при што повеќе од нив се добиени со туш. Сепак, ова, засега, остана не забележано од стручните лица во Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и тренерите на репрезентациите.

Daniel Filipov germnaija 4 oktomvri 2015

Филипов е роден 1991 година во Кочани, а со 14 години почнува да се занимава со борење во БК Спартак, а во 2009 година го освојува првиот медал-бронзен на Државното првенство за кадети во Скопје. Потоа четири години по ред е првак на Македонија од кадети до сениори во категоријата до 84 килограми. Има настапувано на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“ во Бугарија, каде што забележува победа и пораз, а на младински турнир во Косово освојува бронзен медал. Во тој период настапува и во лига натпреварите за Спартак. Порази има забележано на почетокот од боречката кариера, додека подоцна реди само победи.

Daniel Filipov isfrla 28.11.2015

Покрај пасијата борење, во Греманија почува да се занимава и со џудо во ЕВ Елц, при што забележува две победи.

„За да бидам по подготвен за борење почнав да тренирам и џудо. Во двата настапи забележав победи со ипон. И оваа сезона паралелно со борењето ќе настапувам и на џудо натпреварите“, вели Даниел, кој деновиве е во родниот град на заслужен одмор.

Daniel Filipov dzudo germanija

По 15 победи неговите настапи с езабележани од германските стручњаци, но и неговите амбиции се поголеми од можностите на клубот.

„Имам контакт со други клубови, сакам да се борам во поквалитетн клуб кој има поголеми амбиции и ќе поминам да се борам во Третата лига, но останувам уште оваа сезона во АСВ Боден поради договорот“, истакнува Даниел.

Само по себе наметнува прашањето дали некој од ФБСМ го контактирал за евентуални настапи во репрезентацијата со оглед на редовните настапи и билансот на победи.

„Засега никој не контактирал со мене. Ако обезбедат услови и ме поканат во репрезентацијата, верувам во моите квалитети и верувам дека ќе ја опрвадам довербата, затоа што моите амбиции се поголеми од настапот во греманските лиги“, категоричен е поранешниот борач на Спартак.

Daniel Filipov na piedestal 20.2.2016

Од друга страна, тој ја потенцира можноста да дојдат на „Македонскиот бисер“ со екипа од Германија, но претходно да упатат покана, така што ќе се увелича јубилејот на „Бисерот“, а и ќе има можност да се проверат нашите борачи кои настапуваат во оваа зедмја.

Македонската колонија во Германија постојано се зголемува, па, покрај Филипов, таму се Балгој Трендов, Александар Стојанов, Далибор Богданов, а од оваа сезона ќе настапуваат уште тројца борачи на Бучим и други. Тие редовно се среќаваат и разговраат зошто пропаѓа македонското борење. Според Филипов, тие се уверени дека во нашата земја има квалитетни борачи и требада им се обезбедат услови и да се смета и на оние што се во странство и дека нема потреба да се земаат борачи од други држави.

Daniel Filipov germanija 2 4 oktomvri 2015

Тој истакнува дека во Германија на нашите борачи веднаш и нудат работа, плата и исхрана, покрај сите услови за тренажниот процес, како и потребен нутриционист.

Како најинтерсна борба во својата кариера Филипов го наведува финалето на Државното првенство за сениори во категоријата до 84 килограми со борачот, Даниел Илиев, од Безбедност од Скопје во 2012/13 година.

„Тоа беше многу јака борба. Ми се расече увото и на секаде по душекот имаше крв, а докторот препорача да се прекине борбата, но јас не сакав. Така, уште помотивран, го победив мојот противник и станав државен првак“, раскажува Филипов.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON