Дaна Вајт: Волкановски ја доби почитта од сите

Дaна Вајт рече дека нема да му пречи на шампионот на организацијата во перо категорија (до 65 кг), Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски, доколку реши да се здебели.

На почетокот на јули во Лас Вегас (САД) Волкановски ќе ја заврши трилогијата со поранешниот носител на титулата Макс Холовеј. Битката ќе биде главна на гала вечерта на УФЦ 276. Во последните 3 години видовме 2 борби меѓу нив. Волкановски ги доби со одлука на судиите, но втората битка беше доста контроверзна.

„Големиот“ има скор 24-1 во ММА и е во серија од 21 последователна победа. Тој сонува за уште една титула и планира да се искачи во лесна категорија. Александар доби зелено светло од претседателот на УФЦ, но прво мора да помине преку Холовеј.

„Волкановски е еден од оние момци кои ја добија почитта кај сите. Борбата со Макс Холовеј има смисла за него.

Откако оваа трилогија ќе заврши, Александар може да прави што сака.

Без разлика дали сака да се здебели и да предизвика некого во лесна категорија, или сака да се занимава со нешто друго. Ќе се согласам на се“, изјави Вајт за Sportkeeda.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON