Дана Вајт вели дека Том Аспинал е следниот предизвикувач за титулата: Џонс мора да одлучи

Шефот на најголемата светска ММА организација, Дана Вајт, не е заинтересиран за враќањето на Фрeнсис Нгану во УФЦ.
Имено, деновиве се зборуваше дека камерунскиот борец би можел да го предизвика актуелниот шампион Џон Џонс.
Но, Вајт ги отфрли сите шпекулации и нагласи дека Том Аспинал е единствениот вистински предизвикувач во борбата за појасот во тешка категорија.
Дана откри дека ќе договори средба со Боунс кога ќе се врати од Тајланд, каде што учествуваше во снимањето на руска емисија, и ќе разговараат за неговите планови.
Ако Џонс сака да се пензионира, нема ништо што можеме да направиме во врска со тоа – рече Дана Вајт и додаде:
„Но, ќе се обидеме да договориме борба против Аспинал. Џон отсекогаш бил таков откако пристигна во нашата организација. И работите не одат секогаш онака како што замислуваме. Исто така, добив петиција што многу луѓе ја потпишаа за да му ја одземат шампионската титула“.
Во секој случај, Џонс треба наскоро да донесе одлука – да ја брани титулата против Том Аспинал или да се пензионира.



