Откако Ронда Русеј ја загуби титулата со нокаут на УФЦ 193 од Холи Холм, имаше многу шпекулации кога таа ќе се врати. И дали воопшто ќе го направи тоа.
Русеј, подоцна, ги убеди сите дека ќе се врати да се бори за титулата, но нема да може да го направи реваншот со Холм на УФЦ 200.
Одбраната на титулата на новата шампионка против Миша Тејт е на УФЦ 196 на 5 март во Лас Вегас.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кажа повеќе детали околу враќањето на „Роуди“.
“Победникот од дуелот помеѓу Холм и Тејт ќе се бори со Ронда, најверојатно во ноември.
Таа е многу наострена. Има спортска злоба и ќе се врати“.