АктуелноМеѓународна сценаММА

Дана Вајт со најнови информации за Конор Мек Грегор

Претседателот на УФЦ ги потврди контактите со ѕвездата, но нема датум за неговата следна борба

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека организацијата е во преговори со Конор Мек Грегор за неговото можно враќање во октагонот, но нагласи дека во оваа фаза нема извеност кога Ирецот би можел повторно да се бори.

За време на прес-конференцијата по УФЦ 326, Вајт коментираше дека преговорите се започнати, но дека вистинскиот договор е сè уште далеку.

„Нема вести, но очигледно разговараме со Конор. Воопшто не сме блиску до конкретен датум за неговото враќање. Во моментов немаме датум за Конор. Воопшто не сме блиску до тоа“, рече Вајт.

Порано истата вечер, беше објавена и целосната програма на УФЦ Фридом 250, историскиот настан што ќе се одржи во Белата куќа. Иако Мек Грегор постојано ја изразуваше својата желба да биде дел од гала свеченоста, неговото име не е на картата.

Самиот Мек Грегор претходно призна дека неговото учество на таков настан би можело да биде тешко за организацијата поради огромните приходи што ги генерираат неговите борби. Според сопствениците на УФЦ, гала свеченоста во Белата куќа би можела да резултира со загуби од околу 30 милиони долари поради високите трошоци на организацијата.

Останува непознато кога поранешниот шампион во две категории ќе се врати во кафезот и против кого ќе биде неговата следна борба.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON