Дана Вајт за медиумите излезе со интересни предвидувања за иднината на УФЦ во 2020 година. Претседателот на најголемата ММА организација е уверен дека оваа година громогласно ќе влезат во боксот, а Зауфа бокс ќе го направи првиот настан. Дана предвидува дека неговиот миленик Конер Мек Грегор ќе се бори барем уште два пати оваа година, давајќи му шанса за една од титулите.
Ова се предвидувањата на Вајт за 2020 година:
Џон Џонс ќе се бори во тешка категорија.
Хорхе Масвидал ќе ја брани титулата најлошо копиле.
Даниел Кормиер ќе се пензионира оваа година
УФЦ нема да замине во Африка оваа година.
Мејси Барбер ќе се бори за титулата
Жозе Алдо ќе се бори за титулата против Хенри Сехудо.
Конор Мек Грегор ќе се бори за титулата.
Џстин Гаетје ќе се бори за титулата.
Зуфа бокс ќе го направи првиот ППГ настан.
Брок Леснар ќе се бори во УФЦ.
Ник и Нејт Дијаз нема да се борат во УФЦ.
Жорж Сент Пјер нема да се бори во УФЦ.
Андерсон Силва ќе се бори оваа година.
Флојд Мејведер нема да се бори во ММА.
Израел Адесања ќе се бори околу 3 пати оваа година.
Следниот противник за Мек Грегор по победата над Цероне ќе биде Нурмагомедов.