Дана Вајт смета дека Стрикленд требало да ја добие борбата

Извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт ги изнесе своите размислувања за главната борба на УФЦ 297.

Во саботата вечерта Дрикус ду Плесис победи со поделена одлука против Шон Стрикленд за да стане нов шампион на УФЦ во средна категорија.

За време на прес-конференцијата за борбата,Вајт изјави дека верува оти резултатот е 2-2 во четвртата рунда и верува дека Стрикленд требало да ја добие победата.

„Мислев дека е 2-2 во последната рунда и мислев дека Стрикленд победи во последната рунда. Момците кои седеа на иста маса беа со спротивно мислење и знаете дека тоа беше тесна борба. Мислам дека Стрикленд изгледаше одлично во првите две рунди… во третата и четвртата Ду Плесис продолжи и мислев дека е нерешено во петтата рунда… тоа беше само една од тие борби, но јас сум еден од тие луѓе кои мислат дека треба да се претставите многу поубедливо против шампионот за да ја освоите титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО