Извршниот директор на УФЦ, Дaна Вајт, се пошегува дека тимот на Хабиб Нурмагомедов би можел да ги преземе САД, бидејќи Америка одгледува генерација на страшливи мажи. Вајт е згрозен од пи**ите кои растат во САД и верува дека малкумина се подготвени да се борат за својата земја.
Дана неодамна се појави на подкастот Фул сенд каде допре многу теми. Влијателниот промотор гледа на Дагестанците како закана и верува дека тие можат да ја преземат неговата земја. Секако, тоа тешко дека ќе се случи, но Вајт тоа го кажува бидејќи е импресиониран од храброста и дисциплината на борците од Дагестан.
„Ако одиме во војна токму сега, дали сте сигурни во оваа генерација што ја имаме во моментов? Дали мислите дека овие момци ќе излезат и ќе упаднат некаде на некоја е*ана плажа? Има мал број луѓе кои би.
Повеќето од нив веројатно се долу околу библискиот појас и на југ, кои всушност ќе застанат и ќе се борат за оваа е*ана земја во моментов. Страшно е.
Екипата на Хабиб во Дагестан веројатно би можела да влезе и да ја преземе оваа е*ана земја токму сега затоа што оваа генерација е куп пи*ки. Стануваме меки. Стануваме слаби. На секои 10 години стануваме помеки и послаби.
Ако ги погледнете сите глупости што се случуваат во светот во моментов, веќе нема почит кон полицијата, нема почит кон војската. Нема почит кон нашата земја, нашата слобода, нашиот начин на живот што го имаме овде“, изјави Вајт.