Претседателот на организацијата УФЦ, Дана Вајт, вчера рече дека поранешната шампионка во бантам категоријата, Ронда Русеј, нема да се бори на УФЦ 200, кој е на програмата на 9 јули во Лас Вегас, Невада.
Покрај тоа, Вајт изјави за Јаху спортс дека „не е сигурен“, кога токму „Rowdy“ ќе се врати во октагонот:
„Има доцнење во снимањето на „Roadhouse“. Таа е во состојба двете работи да ги прави – да снима и да се бори, но прашањето е: Треба ли? И зошто да го прави тоа? Се очекува филмот да биде снимен пред УФЦ 200, но времето за подготовка, што таа ќе го има, нема да биде доволно. Се што постигна во последните три години е неверојатно. Таа ниту еднаш не кажа „НЕ“ ако ја замолевме за нешто. Дури преземаше поголема одговорност, отколку што требаше. Значи, кога ми рече дека ќе и треба повеќе време за да се подготви, јас се согласив. И реков: „Го имаш“!