Еден од најдобрите ММА борци во историјата Џон Џонс (26-1, 1НЦ) овој викенд се враќа во октагонот.
Боунс ќе го има првиот настап во тешка категорија на УФЦ 285 и ќе се бори за титулата против Французинот Сирил Гане.
Американскиот борец загуби само една борба во текот на кариерата, а тоа беше во декември 2009 година, кога беше дисквалификуван поради недозволени удари на мечот против Мет Хамил.
Џонс доминираше со сонародникот, а во еден момент почна да мавта со лактот право надолу.
Судијата го прекина мечот во 4:14 минути од првата рунда и го дисквалификува Џонс.
Тој пораз во статистиката на Џон особено му пречи на претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
Првиот човек на најголемата светска ММА промоција со задоволство би го промовирал Џонс како непоразен борец, како што истакна во едно неодамнешно интервју.
„Разберете, тој пораз се случи додека Спортската комисија во Невада беше слаба, а тука беше и судијата Стив Мазагати кој ја прекина борбата и го дисквалификува Џонс“, рече Дана Вајт и продолжи:
„А доминираше во таа борба и требаше да победи со прекин. Наместо исклучување, судијата требаше порано да го прекине мечот и да ја додели победата на Џонс. Џон треба да биде на 27-0. Се обидов со се да го избришам тој пораз и неговата статистика, но не успеав. Страшно е, тоа е судија за кој милион пати кажав дека воопшто не треба да суди“.