Волкановски: Ислам навистина е добар и беше трпелив

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, актуелниот шампион во перо категорија на УФЦ, Алекс Волкановски зборуваше за борбата со Ислам Махачев.

„И двајцата бевме многу претпазливи, никој не сакаше да прв избрза. Не би рекол дека оваа битка е дефинитивно добиена или дека можам да се гордеам со неа. Ислам навистина е добар и беше трпелив.

Не брзаше напред, чекаше да почнам да задавам удари. Ислам направи добра работа во овој аспект, бев изненаден. Знаев дека добро нишани и има добра дистанца, но во борбата го видов тоа“, рече Волкановски на „Стрејт так со Марк Бурис“.

Потсетуваме, Ислам Махачев со едногласна одлука го победи Алекс Волкановски. За Австралиецот ова е прв пораз по 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО