Дана Вајт: Островот на УФЦ многу брзо ќе биде подготвен, ќе живеам таму еден месец

„Фајт островот“ на УФЦ би требал да биде во погон, а најголемата светска ММА промоција таму ќе биде домаќин на серија меѓународни настани. Дана Вајт откри дека сè ќе биде готово наскоро, по што лично ќе се пресели таму.

По три настани во Џексонвил, октагонот на УФЦ се сели во Лас Вегас, каде што е предвидено да се одржи закажаниот настан на 30 мај, а можеби и некој повеќе. Сето тоа ќе зависи од тоа кога ќе се заврши работата на островот што го обезбеди УФЦ за да одржи настани за време на пандемијата и мерките што ги донесе.

Ако е за верување на личноста која е најдобро запознаена со тоа, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, сè ќе биде подготвено во предвиденото време.

„Утрово возев до работа и разговарав со Ари Емануел. Тој ме праша колку луѓе дневно ме прашуваат каде е „Борбениот остров“. Мислам дека тоа е затоа што луѓето го бомбардираат со тоа прашање. Луѓето се многу заинтригирани од тоа и јас сум многу возбуден поради тоа“, изјави Вајт за ЕСПН, потврдувајќи дека наскоро сè ќе биде подготвено:

„Планот е да заминеме во јуни и ќе имаме три или четири настани месечно. Ќе останам на островот месец, веројатно целиот јули“.

За островот знаеме само дека се наоѓа во меѓународни води, каде на борците нема да им требаат визи и од таа причина ќе биде можно да се организираат борби на борци од целиот свет. Она што сè уште не е познато е локацијата, како и како ќе се регулираат борбите,  односно преку која комисија. Ова веројатно ќе зависи од тоа каде се наоѓа островот, или која е неговата најблиска официјална територија. Засега, таа информација е обвиткана во тајност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО