АктуелноМеѓународна сценаММА

Дана Вајт одговори дали Топурија-Махачев би можела да стане најголемата борба во историјата

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, коментираше дали евентуалниот судир меѓу Ислам Махачев и Илја Топурија би можел да стане најголемата борба во историјата на организацијата.

На прес-конференција Вајт беше прашан за потенцијалниот мегадуел меѓу број 1 на ранг-листата на П4П – Илја Топурија – и број 2 Ислам Махачев.

„Дали може да биде најголемата борба во историјата? Прв наспроти втор во П4П. Зошто да не?“ – категоричен беше Вајт.

Илја Топурија (28) го имаше своето деби во УФЦ во 2020 година. Во февруари 2024 година го нокаутира Александар Волкановски и стана шампион во перо категорија, а во јуни на УФЦ 317, го нокаутира Чарлс Оливеира и го освои појасот во лесна категорија.

Ислам Махачев (34) е дел од УФЦ од 2015 година. Во 2022 година ја освои титулата во лесна категорија, исто така против Оливеира, а веќе има четири успешни одбрани. Во организацијата Русинот има скор од 16 победи и еден пораз.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON