Дана Вајт: Нгану не сакаше да се бори со Џонс, затоа што ќе загубеше

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, тврди дека Френсис Нгану пoбегнал од организацијата затоа што не сакал да се бори со Џон Џонс.

Кон крајот на јануари Нгану објави дека нема да го продолжи договорот со УФЦ. Тој ја ослободи титулата во тешка категорија, а Џон Џонс ја освои откако го совлада Сирил Гане. Вајт отворено го критикуваше Нгану и постојано велеше дека Френсис се плаши.

Очигледно Дана нема да запре со нападите на неговата поранешна ѕвезда. Вајт е категоричен дека никогаш повеќе нема да му даде шанса на „Предаторот“ во УФЦ. Во еден од последните медиумски настапи Дајна повторно го зајаде Камерунецот.

„Не ме интересира оваа борба. Поминав две години обидувајќи се да го средам тоа. Нгану не сакаше да се бори. Дали ме разбираш што мислам? Френсис не ја сакаше оваа борба.

Замина без да го продолжи договорот. Го познавам боксерскиот бизнис. Лудо, но Френсис го направи тоа.

Ако Нгану беше во кожата на Гане, тогаш борбата со Џонс ќе завршеше на ист начин.

Тој и Сирил имаа пет рунди војна. „Да не се обидеше Сирил да оди на завршница во 5.рунда, веројатно ќе победеше против Нгану“, изјави Вајт за ТМЗ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN (@espn)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON