Дана Вајт: Нема да има борба меѓу Нгану и Џон Џонс

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, изјави дека нема да организира борба меѓу Џон Џонс и Френсис Нгану.

Џонс неодамна се појави на настан на ПФЛ и се соочи со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану. Двајцата изјавија дека се подготвени за борба, но тоа е невозможно. Џонс е во УФЦ, а Нгану е под договор со ПФЛ.

На почетокот на годината Нгану одби повторно да потпише со УФЦ и стана слободен агент. Тој одби да прифати 8 милиони долари за да се бори со Џонс. Вајт го критикуваше Френсис и рече дека се плаши од борбата со Џонс.

Сега, 6 месеци подоцна, Дана изјави дека Нгану и Џонс никогаш нема да се борат.

„Борба меѓу Џонс и Нгану? Тоа нема да се случи. Френсис беше тука и Џон цело време ја сакаше оваа борба. Се обидувавме да договориме пресметка со Нгану“, рече Вајт во емисијата „Пет МекАфи шоу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON