Дана Вајт не ги вклучи Хабиб и Мек Грегор меѓу најдобрите во УФЦ

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ги прогласи најдобрите борци во историјата на промоцијата.

Вајт не вклучи многу борци кои често ги фали и зборува за тоа колку се одлични. Интересен факт е што меѓу нив не го вклучи Конор Мек Грегор, кој е една од најголемите икони во организацијата.

Очекувано, Вајт го стави Џон Џонс на првото место, а по него е Ронда Русеј. Следеа Аманда Нунеш, Камару Усман, Чак Лидел и Ројс Грејси. Хабиб Нурмагомедов не најде место меѓу најдобрите.

Имаше време кога Вајт постојано велеше дека Хабиб е најдобар. Сепак, ѕвездата од Дагестан се повлече од спортот и Вајт повеќе не го смета за толку добар.

Жорж Сент-Пјер и Андерсон Силва исто така не најдоа место во 5-ката на Вајт.

„Толку е тешко да се каже кои се најдобри. Ако ги погледнете 23-те години колку што сум во УФЦ, можете да видите дека имало толку многу големи борци, но морам да почнам со Џон Џонс.

Ронда Русеј треба да биде на таа листа, знаеш на што мислам? Морам да ја вклучам и Аманда Нунеш, бидејќи таа е најдобрата жена на сите времиња во ММА.

Има толку многу што е тешко да се одберат пет. Исто така, би морал да кажам Камару Усман, Чак Лидел, Ројс Грејси во негово време. Тешко е да се изберат само пет.

Ако погледнете низ генерациите, овие борци го подигнаа спортот на следното ниво. Мет Хјуз треба да биде на таа листа. Има толку многу луѓе што е тешко да се изберат“, рече Вајт во Хотбокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON