Дана Вајт: Можевме да го отпуштиме Френсис Нгану

Дана Вајт рече дека УФЦ можело да го отпушти Фрeнсис Нгану во минатото, но не го направиле тоа. Претседателот на УФЦ е лут на неговиот шампион во тешка категорија што одби да се бори во август.

Сите очекувавме дека Нгану ќе ја одбрани титулата против Дерик Луис во септември, но УФЦ го притисна да се бори на почетокот на август. Сепак, Френсис, одби и затоа организацијата договори борба за привремена титула.

Сирил Гане и Дерик Луис ќе се борат за привремената титула на почетокот на следниот месец во Тексас. Тие ќе бидат ќе предводат главната борба на УФЦ 265, а освојувачот на титулата ќе се бори против Нгану веројатно на крајот на годината.

Во еден од последни медиумски настапи Дана да ја допре темата на привремената титула и Нгану.

„Ако не сакаш да се бориш, тогаш не се бори. Нема врска. Можеш да правиш што сакаш. Кај нас никој не ги притиска борците да се борат. Миочиќ е број 1 во тешка категорија. Сега Луис и Гане, кои се број 2 и 3 во категоријата, ќе се борат за привремената титула. Тоа се двајца од најдобрите во светот.

Дерик веќе го победи Нгану, а Гане е без пораз. Овие двајца ќе се борат, а оној што ќе победи ќе се бори со Нагану. На крајот, неприкосновениот шампион ќе се бори против Миочиќ. Мислам дека егото на Нгану беше друга ситуација. Не вреди да се зборува, затоа што веќе го поминавме тоа.

Во еден момент, Френсис беше во серија од два последователни порази и можевме да го отпуштиме. Но, тогаш не го сторивме тоа. Стоевме зад него и сега тој е шампион. Ќе видиме што ќе излезе“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО