Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, е коцкарски тип, но дури и тој се шокираше од предлогот на Конор Мек Грегор што му го дал на Лоренцо Ферита.
„Дали знаете колку е самоуверен Конор? Не можам да верувам дека ќе го кажам ова, но тој вчера на Лоренцо му рече „се обложувам во 3 милиони долари дека ќе го нокаутирам во втората рунда“.
Јас ги сакам влоговите, но, искрено, не знам дали би се вклучил во овој. Навистина, тој е неверојатно уверен во себе. Единствен е, а, е и забавна личност. Забавно е да го слушаш, забавно е да го гледаш“.