Шефот на УФЦ, Дaна Вајт, на новинарско прашање кога ќе се одржи битката меѓу Мајкл Чендлер (23-8) и поранешниот шампион во две категорр Конор Мек Грегор (22-6), рече дека борбата е одложена за 2024 година.
Се очекуваше тие да се борат оваа година, но несериозноста на Мек Грегор ги попречи плановите. Тој и Чендлер беа тренери во 31-та сезона на Ултимејт фајтер. Традиционално тренерите се борат на крајот од сезоната, но очигледно за оваа борба ќе треба да почекаме уште 6 месеци.
Самиот Мек Грегор изјави дека борбата со Чендлер ќе се одржи во декември. Сепак, тој не се врати во програмата на УСАДА за допинг тестови. Ова го спречува да се врати во кафезот на УФЦ. До денес, ирската ѕвезда продолжува да паѓа на допинг тестовите.
Ова е причината зошто Вајт призна дека Мек Грегор ќе се врати во 2024 година.
„Конор против Чендлер ќе се случи на почетокот на следната година“, изјави Вајт за медиумите.