Дана Вајт: Конор Мек Грегор нема да се бори во јуни

Извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, ја демантираше неодамнешната најава на големата ѕвезда на организацијата Конор Мек Грегор дека ќе се бори на 29 јуни.

Мек Грегор, кој има скор од 22-6 во ММА, на почетокот на оваа година преку видео објави дека ќе се врати за време на Меѓународната недела на борбите во Лас Вегас. Тој откри дека противник ќе му биде Мајкл Чендлер. Борбата меѓу нив би била во средна категорија.

Ирскиот борец и Мајкл Чендлер (23-8 ММА) се поврзуваат од пролетта 2023 година, кога се појавија како противнички тренери во сезоната 31 на Ултимејт фајтер. Првичниот план беше двојката да се бори на УФЦ 296 во декември, но тоа не се случи.

Имаше гласини дека Ноториус и Ајрон ќе се сретнат на историскиот настан на УФЦ 300 во април, но тој план исто така не се оствари. На прашањето на новинарот за време на прес-конференцијата по УФЦ 297 за враќањето на Мек Грегор во јуни, Вајт одговори:

„Не. Ако и кога Конор Мек Грегор е подготвен за борба, ќе го објавиме тоа. Не знам дали јуни е опција за него“, изјави Вајт.

Очигледно Конор сака да се бори, но УФЦ нема поим за неговата желба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО