Дана Вајт: Конор Мек Грегор нема да се бори со победникот од Хабиб – Пориер

Расположението на Конор Мек Грегор постојано се менува во изминатите неколку месеци. Најави дека се повлекува од ММА, а потоа не престана да ни навестува дека ќе се врати. Пред една недела, пак изјави дека ќе се пензионира, но никој не му верува.

Дана Вајт не се врзува за бајките на најголемата ѕвезда и очекува од него да се врати оваа година или на почетокот на следната. Многу луѓе веруваат дека тој ќе добие шанса да се бори против победникот од мечот Хабиб-Пориерr на УФЦ 242 за да обединување на титулите, но Вајт нема да му ја даде таа можност:

„Мислам дека Мек Грегор ќе се врати оваа година или на почетокот следната. Прво ќе видиме што ќе се случи во септември. Не, Конор нема да добие битка против победникот од дуелот меѓу Хабиб и Пориер, но многу работи ќе се разјаснат, откако ќе заврши УФЦ 242“, порача Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО